Добредојдовте
Дејноста на ДИМА опфаќа ефективен и ефикасен систем на царинско посредување и транспорт, како и други пософистицирани логистички решенија кои се составен дел од шпедитерските услуги. Нашите услуги се наменети да Ви овозможат што е можно посеопфатна и попрофесионала логистичка поддршка.
Во секој момент можеме да Ви овозможиме најразлична логистичка поддршка, скроена по вашите потреби. Ние сме тука за да Ве услужиме и да ги намалиме вашите грижи во сите цариснки и транспортни процедури. Во секое време сме достапни за информација, податоци и совети за Вашата работа да се заврши брзо, ефикасно и доверливо. Сите промени во законите и прописите за шпедитерско и царинско работење се наше секојдневие. Се што Ви е потребно и Ве интересира на полето на домашната и меѓународната шпедиција подготвени сме да Ви го пружиме. Ќе ни биде особено задоволство доколку ни доверите да пронајдеме решение за вашите логистички проблеми.
Нашето 15 годишно искуство и одличната соработка со сите наши клиенти и партнери ни дава полна увереност да кажеме - препуштете ни сé нам!
Со почит,
Димче Георгиевски |